Одбележани 60 години од смртта на Климе Садило, најпознатиот охридски и македонски чалгаџија и еден од најважните културни дејци во Охридско.
,,Климе Садило е дел од музичарите кои останале запаметени во цел Балкан и пошироко по изведбите на охридските песни кои стануваат традиционални и вечни. Затоа вечна им слава на сите нив. Вечна слава на големиот Климе Садило и бескрајна благодарност за секој звук, за секоја песна отсвирена и отпеана од „Тајфата на Садиловци“– изјавила заменичката градоначалник на Охрид Ана Крстеска на настанот.
Пред присутните настапија КУД „Далги“ при Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, Охридскиот камерен оркестар, а беше изведена и драмата „Виолина што одекнува низ вековите“ од м-р Михаил Патчев.
Видеото од симпатичните Охриѓани фатени на оро во чест на Садило на овој линк на Охрид1
https://www.facebook.com/share/v/1Bjawzs4Z8/?mibextid=oFDknk
Повеќе детали на ТВМ
Кој е Климе Садило од видеото на Види Вака
Бонус музика на Садиловци






