Основачот на Телеграм, Павел Дуров, вчера беше ослободен од полицискиот притвор во Франција откако тој помина четири дена во притвор како дел од истрагата за улогата на неговата апликација за пораки Телеграм во организиран криминал., објави Си Ен Ен.
Дуров е обвинет за шест кривични дела, меѓу кои и за управување со онлајн платформа за нелегални трансакции од организирана група, за што му се заканува затворска казна од 10 години.
Основачот на Телеграм е обвинет и за:
– Одбивање да се предадат клучевите за шифрирање.
– Соучесништво во дистрибуција на детска порнографија и трговија со дрога.
– Извршување на кривични дела како дел од група лица.
– Одбивање да се предадат информации и документи на надлежните органи за прислушување, што е дозволено со закон.
Инаку, бизнисменот остана единствен обвинет во случајот Телеграм.
Според првичните информации, истрагата против Дуров е во тек од февруари годинава, пренесува „Новости.рс“.