Министерот за надворешни работи, Никос Коѕис, му честитал на надбискупот на Тирана, Драч и на цела Албанија, Анастасиос, за добиеното албанско државјанство.



Албанскиот претседател Илир Мета потпиша претседателски декрет со кој му се дава албанско државјанство на архиепископот Анастасиос што беше објавено на 24 декември (Бадник), јави АНА-МПМ.

Анастасиос изразил задоволство и му се заблагодарил на претседателот Мета за неговата одлука и во своето писмо истакнал дека сега откако стана архиепископ на Албанија, се чувствува и ќе се обиде да работи како одговорен граѓанин.

Многу луѓе, во минатото го обвинуваа архиепископот Анастасиос и го карактеризираа како „таен агент на грчкиот шовинизам во Албанија“, „платеник“, „заговорник“ и „борец на грчките интереси“ тврдеа дека е нелегално е во земјата и треба да си замине и покрај неговите повеќе од 25 години во Архиепископијата и неговите силни напори за реконструкција на Албанската православна црква.

Анастасиос е многу популарен во Грција (но и во светот) во 200 година бил предложен за кандидат за Нобелова награда, а некои медиуми (според Википедија) сметаат дека тој може да биде предложен за кандидат за претседател на Грција од „Сириза“ на следните претседателски избори.