Години наназад спортската сала на УКИМ во кампусот на правниот, економскиот и филолошкиот факултет стои демолирана и руинирана.
Како што пренесува Радио Слободна Европа, вратите и прозорците на самиот влез се искршени, таблите за кошарка и фудбал се демолирани, исто како и столчињата на трибините, а објектот е полн со отпад и стакла.
За изградбата на салата, државата потроши околу 2,5 милиони евра. Парите ги обезбеди Владата предводена од тогашниот премиер Никола Груевски, а Агенцијата за млади и спорт (АМС) склучи договор со Друштвото за градежништво, трговија и услуги „Алконпроект“ од Скопје која што го градеше објектот.
Целата репортажа на:
https://www.slobodnaevropa.mk/a/%D1%81%D0%BF%D0%BE%D1%80%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%81%D0%B0%D0%BB%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%83%D0%BA%D0%B8%D0%BC-%D0%BE%D0%B4-2-5-%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B8-%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%B0-%D1%80%D1%83%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B0-/32163929.html






