Изет Меџити, лидер на Демократското движење кое е дел од коалицијата ВРЕДИ го повика Арбен Таравари, лидер на крилото на Алијанса за Албанците кој е дел од истата коалиција за една недела треба да одлучи дали е со ВРЕДИ или не.
„Ние сакаме да ја имаме неговата партија Алијанса за Албанците како дел од ВРЕДИ, но сакаме Алијанса во која ја нема ДУИ како опција“, рече Изет Меџити за ТВ Алсат .
Тој проценува дека за една недела оваа работа ќе се расчисти и додава дека изјавите на првиот човек на АА се контрадикторни.
Меѓутоа, доколку остане надвор од ВРЕДИ, Меџити вели дека Таравари треба да оди таму каде што е ДУИ.
Соработката на Таравари од власта со ДУИ во опозиција, според Меџити, значи дека утре ќе им донесе барања на ДУИ во владината коалиција.
Таравари на два ума: Со ВРЕДИ или АА самостојно да оди на локални избори






