Сопственичката на некогашната пирамидална штедилница ТАТ од Битола, Соња Николовска, повторно е во КПДУ „Идризово“ на одлежување затворската казна заради измама.
Неверојатно, но од неколку битолчани и блиски роднини успеала „да позајми“ 600.000 евра, наводно за да ја рестартира некогашната Свиларница, односно печатницата на нејзиниот починат сопруг, а на измамените им ветила враќање на парите со камата па дури и враќање на нивниот пропаднат влог во ТАТ.
На жртвите им земала по 40 – 60,000 евра, а од роднина од ц. Кравари на заем добила – 300.000 евра.
Николовска одлежа 3,5 години по пропаѓањето на штедилницата ТАТ во март 1997 година. Тогаш оштетени беа 13.000 штедачи за фантастични шеесет милиони евра.
Веста дека „се вратила“ во затвор ја објави порталот „Досие“.





