Софија Вергара, една од најсексипилните жени на светот, се појави „како од мајка родена” на насловната страна на магазинот “Womеn’s Health”. 45 годишната ѕвезда од серијалот „Модерна Фамилија” е првата жена која за тој магазин реши да се соблече потполно гола.

Убавата колумбијка признава дека не сака многу да вежба, така што облините според неа не претставуваат проблем.
„Би сакала да сум малку поспортски тип, но сум родена со големи гради и затоа не можам да вежбам. Ги добив на 13 години, и се зголемуваа како стареев, особено откако родив“ вели Вергара.

Софија откри дека со својот приватен тренер вежбаат три до четири пати неделно, а дозволата да направи приватна теретана во својата куќа ја добила од својот сопруг Џо Манџанело.




