Професорката Лина Ќостарова – Унковска на социјалните мрежи поставува тешки прашања за однесувањето на скопските градоначалници во врска со “Бадниковиот марш” на скопските ученици кои што најпрво ги поздравуваа градоначалниците а потоа се сретнаа со Архиепископот на МПЦ Г.г. Стефан.
“Таткото“ (на општината) ќе ги дарува со чајче, мандарини, оревчиња, бонбони. Познати пеачи ќе ги чекаат, па сликање и пакетчиња. Ова не е манипулација? Не е злоупотреба? Не е коруптивно залажување и на родителите? И не е криминал”, прашува Ќостарова цитирајќи дел од писмото кое што вработени во општина Кисела Вода си го испраќаат меѓусебно со врска со организација на Бадниковите поворки.
Во писмото се наведува дека сите скопски општини ќе учествуваат на настанот.
Дел од критичарите на ваквите практики сметаат дека и власта на локално ниво во секуларна држава како Македонија не смее формално да учествува во организација на верски настани.




