Сообраќајка на магистралниот пат Радовиш-Штип. Две лица загинаа

Две лица загинаа, а едно е повредено во сообраќајка која попладнево се случила на магистралниот пат Радовиш–Штип, јавува Македонската информативна агенција (МИА).



Според портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, во сообраќајната несреќа се судриле два автомобила, марка „Опел“ и „Пасат“. Починале возачите на автомобилите, а повредена е сопатничката во едното возило која е пренесена во штипската болница.

Според нејзините информации, полицијата повеќе детали за несреќата најавува дека ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден.

Увид на местото на несреќата врши јавен обвинител.

Од 18:05 ч. сообраќајот на магистралниот пат Радовиш – Штип, во близина на „Алкопласт“, е во прекин информираат од АМСМ, а сообраќајот во овој дел се пренасочува по стариот пат.