Есента на северната хемисфера и во земјава почнува денеска во 14:43 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта.
Првиот есенски ден е 266-иот ден во годината и ќе трае 12 часа и девет минути. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 21 минута, а ќе зајде во 18 часот и 30 минути. До карјот на годинава остануваат уште 100 дена.
Есента ќе трае 89 дена, до 21 декември во 10 часот и 20 минути, кога календарски започнува зимата.
Првиот ден од есента почнува со посвежо утро, а преку ден, сончево и релативно топло време со мала облачност и со слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.
Во Скопје, исто така, утрото ќе посвежо, додека преку денот сончево и релативно топло време.а максималната ќе достигне до 27 степени.
Од вторник се очекува промена на времето и можен дожд…





