Жена била биена рано утрово во грчкиот град Солун кога експлодирала бомба што ја носела, соопшти полицијата.
Според информациите од грчката полиција, 38-годишната жена наводно носела експлозивна направа околу 5 часот наутро со намера да ја постави пред блиската банка.
Експлозијата оштети неколку продавници и возила во непосредна близина, се вели во соопштението на полицијата.
Властите велат дека 38-годишната жртва имала криминално досие.
Полицијата, исто така, објави дека жената веќе им била позната на властите бидејќи учествувала во неколку грабежи и дека истражуваат можни врски со екстремно левичарски групи објави Катимерини.






