Солунски митрополит: Македонија значи Грција и Грција значи Македонија

Солунскиот митрополит Антимос го искористи празнувањето на Водици во Грција за уште еднаш да ги повтори своите ставови за „грчкоста“ на Македонија.



„Македонија значи Грција и Грција значи Македонија“, порача тој.

На неговите зборови се надоврза и грчката министерка за Македонија и за Тракија, Марија Колја-Царуха.

„Ние – Независни Грци – Панос Каменос како лидер на партијата и министер за одбрана и јас лично како министер за Македонија и за Тракија веруваме дека Македонија е грчка и оти никој нема право да го користи тоа име за свои цели. Затоа и ќе се бориме“, изјави таа.

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, со повоздржана порака.

„Ниту јас, ниту митрополитот не ја изразуваме грчката надворешна политика, ниту, пак, ја одредуваме. Знам едно нешто – со нашите соседи треба да имаме добри односи“, рече Бутарис.