Во скандалозна физичка пресметка на денешната 65-та седница на Советот на општина Кочани, со шише во глава е повредена вработена во Општина Кочани.
Шишето го фрла советник поддржувач на СДСМ кој од говорницата отиде да се тепа со колега.
По вербална расправија меѓу советникот Аки Акиов кој е со СДСМ и координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Мирче Стојков, присутните едвај го запреа Акиов да се доближи до колегата но не успеаја да ја спасат вработената во Општина која настрада откако поддржувачот на СДСМ фрли со шише.
Во видеото на ТВ Стар се гледа како Акиов фрла со шише кон Стојков но ја погодува вработената во општината.






