Американскиот свиркач Едвард Сноуден побара од политичарите и новинарите кои „држат и пишуваат говори“ за Алексеј Навални (кој почина на 16 февруари) да го спасат основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој се соочува со можна екстрадиција во Соединетите Американски Држави каде против него се покренати 18 обвиненија.
Ќе им го испорача ли Броитанија Асанж на САД
„Ако молчите сега, кога всушност можете да влијаете на исходот, никогаш не сте застанале во одбрана на принципите – само се надевавте на аплауз“, напиша Сноуден на социјалната мрежа X.
Тој додаде дека „жртвата на „злосторството“ (новинарството) на Асанж е државата, а не личност“.
„Тоа е дефиниција за политичко дело, што договорот за екстрадиција меѓу САД и Велика Британија изречно го забранува“, рече Сноуден.
Сноуден е во Русија од 2013 година, каде што доби азил и државјанство откако објави серија тајни документи за Американски и британски програми за надзор.
На вчерашниот прв ден од сослушувањето во Високиот суд во Лондон, адвокатите на Асанж изјавија дека се работи за политички мотивиран случај и дека на нивниот клиент му биле прекршени човековите права.






