„Се обратив до министерот за правда со барање кандидатите Албанци да имаат можност да полагаат правосудни испити на албански јазик“ објави пратеникот на коалицијата ВРЕДИ , Халил Снопче.
„Како позитивен пример ја зедов одлуката на министерот Азир Алиу во 2023 година да одржува испити по албански јазик во администрацијата. Пред оваа одлука и тие испити беа само на македонски јазик“, напиша Снопче.
Меѓу другото, тој информира дека со доаѓањето на новата влада од јуни, стручните испити лекарите можат да ги полагаат на албански јазик.
„ Зошто да не го сторите истото со испитите за правосудство? Дотолку повеќе што и ова е обврска според законите кои важат кај нас“, упати прашање пратеникот Халил Снопче министерот за правда Игор Филков од редовите на ЗНАМ.
Со ова прашање што го постави пратеникот Снопче, уште еднаш се докажува дека во периодот кога се пропагира албанскиот јазик, ВРЕДИ од говорницата на Собранието бара уште поголем напредок до целосна официјална употреба на албанскиот јазик, објави Телеграфи.





