Пратеникот на Алијансата за Албанците Халил Снопче упати обвинувања до Демократската унија за интеграција за кандидатурата на Бујар Осман за претседател.



Снопче рече дека со кандидатурата на Османи, ДУИ ѝ служи на ВМРО-ДПМНЕ и се обидува да ги врати старите врски со оваа партија со која совладува долги години.

„ДУИ има сигнали, индиции дека Пендаровски не може да стане претседател и затоа сега се оградува, со кандидатурата на Бујар Османи сака да се огради од Пендаровски“ – вели Снопче.

Не може директно да го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ , што би било самоубиство, туку индиректно да го поддржи кандидатот наВМРО-ДПМНЕ , односно да ги обнови оние стари врски што ги имаа со ВМРО-ДПМНЕ во текот на 11-годишната влада.

Значи, ако некој е близок до ВМРО-ДПМНЕ , тоа апсолутно не е Алијансата за Албанците, туку кандидатурата на Бујар Османи, наводно изјавил за „Алсат“ пратеникот Халил Снопче, пренесе Телеграфи