Започната процедурата за донесување одлука за затворање на Агенцијата за нуклеарна технологија формирана во 2010 година откако по цели 14 години се увидело дека е сосема непотребно нејзиното постоење, објави МКД.Мк
Законот за формирање на национална агенција за нуклеарна технологија беше донесен во 2010 година на предлог на тогашниот министер за образование Никола Тодоров.
Идејата при формирањето на оваа Агенција беше развој на технологии и истражувања од областа на нуклеарната физика, физиката на елементарните честички и други истражувања од областа на нуклеарната наука.
Целта беше преку Агенцијата да се учествува во научните програми на Европската организација за нуклеарни истражувања ЦЕРН, учество на научници, инженери, техничари и друг стручен кадар од Република Македонија во истражувачките проекти на ЦЕРН…






