Случај „Крмзов“ : Замешани и Царината, УЈП и Централниот регистaр ?

Над 8 милиони евра од Еуростандард банка се префрлани на сметки во Турција, покажува истрагата на надлежните органи околу случајот „Крмзов“, пишува Плусинфо.мк.

Истрагата се шири на повеќе струмички компании кои биле дел од шемата на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов за злоупотреба на парите.



Биле подигани пари од Еуростандард банка и биле префрлани на сметки во Турција. Семејството Крмзови веројатно имало спрега и со Јавното обвинителство, бидејќи предметите од поранешен сомнеж за криминал на Крмзови најверојатно биле чувани во фиока. Ако не било така, немало да дојде до милионската штета во Еуростандард банка, коментираат упатените во предистрагата.

Воедно, предистрагата ја вклучува и Царинската управа, каде за еден камион увезена стока се плаќало царина од само 1500 евра, а за истата стока во последниот период, по смената на раководството на Царинската управа, се плаќало дури за 15 пати повисоки давачки, што значи дека разликата се губела во нечии џебови.

Фрапантно е како директорите на УЈП, Сања Лукареска, директорите на Централен регистар и тогаш на Царинската управа останале слепи на ваквиот криминал. Затоа, за очекување е предистрагата да ги вклучи и овие лица во случајот.

Сè повеќе луѓе почнуваат да зборуваат и случајот се шири и до компании кои стигаат до семејството на поранешниот премиер Зоран Заев. Извор: https://plusinfo.mk/se-stega-obraevi-vo-slucha-ot-krmzov-zameshani-i-carinata-u-p-i-centralniot-register-toa-ne-mozhelo-bez-kamshikarot/