По силните најави дека е поставен рок до лето да се изнајде решение за прашањето со името или во спротивно Македонија ќе била примена во НАТО под рефернецата ПЈРМ, се зголемува притисокот врз владата на Ципрас – а особено врз претседателот на партијата Вистински Грци и актуелен министер за одбрана, Панос Каменос, за јасна позиција за ова прашање.
„Се поставува прашањето: Што ќе направи Панос Каменос ако се предложи сложено име?
Ќе инсистира ли на претходната одлука на Советот на шефови на партии (од времето на Константинос Караманлис) која исклучува комплексно име?
Дали ќе побара свикување на нов Совет?
Или ќе го одбие комплексното име, со што ќе создаде пукнатина во владината кохезија“, прашува грчки медиум.
„Нова Македонија“ е името што се разгледувало вчера на разговорите во Брисел со посредство на медијаторот Метју Нимиц, јави вчера грчката телевизија Стар.
Каменос, кон крајот на окроври изјави дека се спротивставува на решение во името на северниот сосед да стои зборот „Македонија“, рекол дека секоја одлука, која ќе го вклучува грчкото име „Македонија“ или дериват на тоа име во името на „тој словенски ентитет“ би била спротивна на одлуката на Советот на лидерите на партиите, со кој претседаваше претседателот на Републиката, Константинос Караманлис во 1992 година.
За какво било решение за името на ПЈРМ треба да одлучи Советот на шефови на партии што ќе биде свикан од претседателот Прокопис Павлопулос, а кое потоа ќе го одобри грчкиот народ на референдум, смета Каменос.
„Јасно е дека Македонија е една и само една, … единствената, грчка Македонија, отсекогаш и особено во последниве години беше цел на словенски заговор“ и смета дека не е цел само името туку, според него, се работело и за територијалниот интегритет и полошо, за словенизирање на историјата, културата на Македонија, односно на грчката нација.





