Премиерот на Словачка повеќе не е во животно загрозувачка состојба.



Операцијата врз словачкиот премиер Роберт Фицо, кој вчера беше цел на обид на атентат, била успешна и денеска се очекува тој да биде контактибилен, откриваат словачките медиуми.

Операцијата траела речиси четири часа. Фицо беше ставен во вештачка кома и прво бил во одделението за интензивна нега.

Словачкиот премиер Роберт Фицо повеќе не е во животна опасност, објави Ројтерс.

Претходно министерката за здравство Зузана Долинкова изјави дека Фицо е во критична состојба. Според министерката за труд, Ерика Томас, биле оштетени неколку органи.

Физо бил застрелан во градите, стомакот и раката, а напаѓачот испукал и до пет куршуми.

Министерот за внатрешни работи Матуш Сутаи Есток изјави за новинарите дека обидот за атентат најверојатно бил политички мотивиран.

Новинската агенција Aktuality.sk цитира неименуван извор кој вели дека Фицо е изваден од операционата сала и е во стабилна состојба.