Сликата „Портретот на младата русокоса“ на Пјер-Огист Реноар била украдена од аукциска агенција во Сен Жермен, во близина на Париз, пред продажбата, велат полициски извори.



Оваа мала слика на францускиот сликар, вредна помеѓу 25.000 и 30.000 евра, беше украдена од изложбата пред аукцијата закажана за денеска.

Крадецот не бил забележан дека ја симнал од ѕидот и си заминал, изјавуваат од агенцијата.

Според каталогот сликата била подготвена за аукциска продажба. Ова масло на платно со големина 14×12.2 сантиметри е потпишано со иницијалите „А.Р.“ требаше да биде една од главните понуди на аукцијата.

Истрагата и е доверена на безбедносните служби, која има намера да го пронајде крадецот со помош на видео надзорот.