Обвинувањата за следење на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и опозиционери во времето на СДСМ и ДУИ од страна на Агенцијата за разузнавање додека на нејзино чело бил Еролд Муслиу кадар на Стево Пендаровски наскоро ќе добие правна разврска.
Во интервју за Фокус вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски открива дека луѓето кои наредиле и спроведувале наредби за тој и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан да бидат следени од страна на Агенцијата за разузнавање влегува во институциите каде што ќе се решава проблемот.
Дел од интервјуто кое целосно може да се прочита во печатената фирма на неделникот Фокус:
ФОКУС: Како опозиционер тврдевте дека сте следен од страна на Агенцијата за разузнавање, а беа испорачувани и обвинувања и дека сте прислушувани. Дојдовте ли до потврда на овие сознанија откако дојдовте на власт?
НИКОЛОСКИ: Во тој период најзлоупотребувана беше Агенцијата за разузнавање. Јас бев многу прецизен кога изнесував информации и мислам дека во следниот период многу од тие работи ќе излезат и пред соодветните институции ќе си бидат институционално решение, затоа што се вршеше нелегално следење и мое и на претседателот на партијата Христијан Мицкоски, како и на еден круг на луѓе во опозицијата. Не им успеа таа игра.
ФОКУС: По кој основ сте биле следени?
НИКОЛОСКИ: По никој основ, тоа е нелегално следење. Самото тоа што се нарекува Агенција за разузнавање, нејзина работа е надвор од Македонија, а тие правеле следење внатре во Македонија, што мислам дека е доволна индикација дека се работи за нелегални активности.
ФОКУС: Дали имате индиции дека повторно биле злоупотребени и системите за прислушување?
НИКОЛОСКИ: Во тој период кога јас излегов во јавност, во најголем дел се работеше за физичко следење.
Во интервјуто, Николоски вели дека информациите дека меѓународната заедница не дала согласност да застане на чело на МВР, МНР или одбрана било непријателска пропаганда. Воедно, посочува дека од 2008 година во континуитет поседува безбедносен сертификат за државна тајна, кој е неопходен за овие чувствителни ресори.
–За неколку од почувствителните ресори потребно е да се има највисок степен на тајна и тоа се нарекува државна тајна, што е највисокиот степен што може да се добие. Јас сум еден од ретките, можеби и единствен во оваа влада кој во континуитет има сертификат за државна тајна од 2008 година до денес. И тој се обновува на секои 4 години, зашто не е траен сертификат.
Значи, јас во континуитет го имам цели 14 години како највисок безбедносен сертификат во државата наречен државна тајна, што значи дека државните тајни што стигнувале до мене јас не сум ги изнел и не сум направил ништо на штета на државата, што мислам дека е основна патриотска должност кога работите ваква работа.
Најчитани статии






