Американска актерка и модел Меган Фокс (31) во август минатата година го роди своето трето дете. Таа вели дека опоравување од пораѓајот бил исклучително тежок.
Меган е мајка на тројца синови, Ное (4), Бои (3) и малиот Џорни, кои ги има со актерот Брајан Остин Грин (44).

„Не сум спиена веќе една година. Сè уште го дојам Џорни. Постојано се буди во текот на ноќта, а потоа и Ное и Бои ќе се разбудат, така што нема повеќе спиење“ се пожали холивудската актерка.
Таа, исто така додаде дека и било потребно многу повеќе време да ја врати старата фигура отколку по првите две раѓања.




