Можам да ги разберам синдикатите кога лажат дека Македонија имала најниска со закон пропишана минимална плата во регионот, но што им треба да го прават истото „неподмитливите“ од политичката партија Левица?
Стана навика во поткрепа на овој „аргумент“ НЕТО износот кај нас да се споредува со БРУТО износот на минимална плата во другите земји, што претставува класична, свесна или несвесна, манипулација, пишува Трајко Славески.
Платата во бруто износ вклучува персонален данок и придонеси за социјално осигурување (пензиско, здравствено и сл.)
Еве ги фактите: минималната плата исплатена во јуни 2024 година во Македонија изнесува 22.500 денари (366 евра), а во Србија 43.360 српски динари (370 евра), а не како што тврдат од Левица – 423 евра.
Значи, тука сме некаде со нашиот северен сосед, според износот на минималната плата, иако Србија има повисок БДП по жител од Македонија.
Истата манипулација се прави и при споредбата на износот на минимална плата со Албанија. Наводно, таму била повисока и изнесувала 384 евра, а кај нас “само” 367 евра.
Не, другари од Левица, порача Славески.





