Скопје утрово е најзагаден град во Европа, покажуваат податоците на платформата за мерење на квалитетот на воздухот „Ај-кју ер“.
Според платформата, главниот град во земјава се наоѓа на 10. место на светската листа на најзагадени градови.
Индексот на загаденост е 167, а во моментов воздухот во Скопје е означен во категоријата „нездрав воздух“.

Прв на листата на најзагадени градови во светот е Лахор во Пакистан, а потоа следуваат Делхи во Индија и Калкута во Индија.
На 4. место се кинеските градови Вухан и Чонгкинг. По нив се Дака во Бангладеш и Ченгду во Кина. Следуваат Карачи во Пакистан и Кабул во Авганистан.
Според експертите, високите вредности на загадувањето имаат сериозен ефект врз здравјето на граѓаните, особено во зимските месеци кога се зголемува употребата на грејни тела.





