Скопје се задушува во загаден воздух

Главниот град, Скопје, останува на врвот на европската и светската листа по алармантно загадување на воздухот. Метрополата се најде на четвртото во светот по загаденост. Лекарите велат дека поради алармантното загадување зголемена е бројот на граѓани кои бараат медицинска помош. Последиците од загадувањето најмногу ги трпат децата, постарите, трудниците и лицата со хронични заболувања.



Последиците се видливи по здравјето, но причините мистерија за надлежните. Сончевото време за миг ја затскри маглата, но загадувањето остана присутно. Зголемената концентрацијата на пм10 честички Македонија ја вбројуваат во статистиката на најзагадени градови во светот.

Граѓаните алармираат за нивното здравје, надлежните во обид да го решат деценискиот проблем со аерозагадувањето. Болниците полни, децата дишат загаден воздух, градинките и школите полни со ПМ честички, согласни надлежни.

Доктор Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари, истакнува дека загадувањето е резултат на зголемениот број возила и густо населените области. Според неа, заштитните маски не можат многу да помогнат кога е во прашање загадениот воздухот.

  • Системски е проблемот. Значи, државата мора прво да ги растерети големите градови. Мора да има децентрализација на главни институции, амбасади, не може сѐ да е во Скопје. Сите бараат добри плати, се селат во Скопје, но, едноставно, Скопје се гуши“, вели таа.

Граѓаните, покрај загадениот воздух, се жалат и на непочитување на мерките за пушење во затворени простории, што дополнително го влошува нивното здравје.

И податоците од мерните станици на Министерството за животна средина во сите скопски општини покажаа високо ниво на ПМ 10 честички. Според овие мерни станици загадување на воздухот има и во Тетово, Гостивар, Кичево, Битола, Струмица, Кавадарци и Куманово.