Денеска Скопје повторно ќе биде под посебни безбедносни мерки кои што вклучуваат мониторинг од воздух, обезбедување на главните крстосници се до поставување на посебни позиции на стратешки локации каде што ќе бидат распоредени полициските полицајци.
Овие мерки беа преземани од почетокот на судењето за „Кумановските настани“ а мерките се уште поинтензивни откако членови на косовски и македонски милитантни групи и екс членови на ОНА се заканија дека ќе преземат радикални чекори доколку новата влада не ги ослободи нивните другари кои што убија 8 припадници на „Тигрите“.
На денешното рочиште треба да се утврди датумот на завршните зборови на обвинителството и на одбраната на 37 обвинети за тероризам и учество во терористичка група.
На предходните две рочишта дел од обвинетите кои што се во притвор веќе две години изјавија дека не го признаваат судот по што беа исфрлени од судницата во која ги застапуваат нивните адвокати.
Дел од обвинетите во текот на судењето се бранеа дека во Македонија сакале да спроведат политичка платформа слична на таканаречената „Тиранска платформа“ со цел да се подобри статусот на Албанците во земјата. Според нив тие во Куманово дошле без намера да водат конфликт и биле нападнати од македонската полиција по што морале да се бранат.
Некои од обвинетите и загинатите во кумановските настани се на листата на осомничени на новиот Трибуналот за воени злосторства кој започна да функционира на Косово.






