Скопјани се „варат” по автобуси – Нема клими, а од ЈСП молк

Ги чекаат по половина час, а потоа се возат во пекол автобуси, затоа што повеќето од нив градските автобуси се без клима.



Како што пренесува Слободен печат, ситуацијата е ваква без исклучок во сите автобуси на приватните превозници и во поголемиот дел на автобусите на ЈСП „Скопје“. Притоа од јавното претпријатие не одговарале зошто во возилата не се пуштаат климите, дали се расипани или штедат гориво.

Во двокатните, пак, во ретките каде што е пуштена климата, како што раскажува еден скопјанец, човек не знае дали е подобро да има или да нема ладење

Извор: https://www.slobodenpecat.mk/skopjani-se-maltretiraat-vo-pekolni-avtobusi-klimi-nema-ili-sluzhat-samo-za-ukras/