Македонската фудбалска репрезентација скокна за нови две позиции на светскиот рејтинг, но тоа се уште е очајно слабо. До 134-тото место доаѓаме по ремито со Турција во Скопје иако во меѓувреме имавме и пораз од Шпанија. Македонија ги прескокна Етиопија и Боцвана, но се уште не успева да се приближи до такви велесили како Виетнам, Андора, Свазиленд или Киргистан кои се пред нас.
На врвот од листата на ФИФА во новиот “апдејт” дојде до големи промени, па освојувачот на Купот на Конфедерациите Германија со скок од две места е на чело, а зад неа останаа Бразил и Аргентина. Португалија е четврта, Швајцарија е петта, Полска шеста, а Чиле е седми. Во Топ десет места има и за Колумбија, Франција и Белгија, а интересно Шпанија и Италија, па и Англија се надвор од овој круг.






