Скапо или евтино – празнична трпеза мора да има, колку чини годинава?!

Риба, зелка, гравче, сармички посни, тиква и се што е посно за бадниковата трпеза веќе не може да се каже дека е поевтино од месото и месните специјалитети кои ќе преовладаат на божикната трпеза. Купувачите се жалат, трговците пак, сметаат дека цените се прилагодени за празниците.



Според инфорнации од трговците, маркетите и зелените пазари, горе-доле костените речиси секаде се од 180 до 200 денари. Оревите се движат околу 600 денари за кг, толку се и смоквите и сливите, а на урмите и до фантастични 1.000 денари. Цената за портокалите се движи од 60 до 100 денари, мандарините до 120, а јаболката 60 денари. Килограм тиква е 40 денари. Едно бадниково гранче е од 50 до 70 денари.

Пред секој празник иста прикаска, односно постојана македонста лоша традиција. Малку пари, ама високи цени. Граѓаните ги се подготвени за Божиќ и Бадник. Велат скапо е но, не се изненадени, затоа што со истото се соочуваат речиси секој ден. Се обидуваат со парите со кои располагаат да купат се што е потребно за да ја наместат трпезата.

Во исчекување на Божик, раздвижено беше по зелените пазари и маркетите. Некој испазарил, друг допрва излегол да набави се што му е потребно за бадниковата и божиќната трпеза. Посно или мрсно мора да има. На тезгите – изобилство од продукти. Се негодува ама се купува. Продавачите велат имале слух за куповната моќ па цените ги намалиле или останале исти.

Производителите на месо од пред 6 месеци ја намалиле цената за жива мера и полутка, а каква е цената во малопродажба зависи единствено од волјата на трговците. Месото кое излегува од фармите и кланиците е со цена од 340 до 400 денари за килограм прасечко. 

И за сите најважно е на овие големи празници да се биде со семејството, да се споделат желбите за добро здравје и мир, тоа најмногу ќе им ја збогати трпезата, која сите со душа ја чекаат.