- Ова е катастрофа. Ова го нема никаде, и може да го има само во Македонија, земја во која секој си прави што си сака, и на крај никој не одговара. Срам од невидени размери. Кај чекаме автобус со саати, и кога ќе дојде и кога ќе влеземе, глетката е катастрофална. Гужви, турканици и згора на се ова албанско, ќе го наречам знаме, реагираат патниците кои се возеа со автобусот со број 7, на потегот од Лисиче до Карпош.

Фото: Експрес.мк (не смее да се преземаат фотографиите без да се наведе изворот).
Колку за потсетување, валидаторите за билети кои беа поставени на задната врата во автобусите на ЈПС „Скопје“ со недели не работеа. Апаратите за плаќање беа завиткани со црни кеси и патниците можеа да го поништат билетот само на валидаторот поставен на предната врата. Тоа создаваше, но и се уште создава дополнителни гужви во автобусите кои и така ги нема, а кога ќе дојдат се преполни со патници.
Инаку, во јавниот превоз во Скопје има недостаток на возила, па затоа за да се пополнат линиите, пуштени се и панорамските двокатни автобуси. Но, и покрај тоа, во јавниот превоз, кој моментално се одвива отежнато, недостасуваат автобуси и доцнат со часови. Проблемот ќе биде поголем во текот на зимата, со зимскиот возен ред, за кој се потребни повеќе автобуси. Граѓаните веќе немаат трпение, буквално збеснуваат на постојките на кои чекаат со часови за да дојде автобус. Што ќе се случи во иднина, останува само да видиме.





