Во повеќе од скандалозна објава шефот на американскиот оддел за Владина ефикасност Илон Маск открива дека над 1000 луѓе стари над 220 години добивале социјална помош во најголемата измама во можеби историјата.
Маск објавува листа според која се гледа дека стотици милиони луѓе фиктивно добивале социјална помош иако одамна не се живи.
,,Според базата на податоци за социјално осигурување, ова се бројките на луѓе во секоја графа со полето за возраст поставено на НЕТОЧНО!
Можеби самракот е вистински и има многу вампири кои добиваат социјално осигурување 🤣🤣”, објави Маск.

Според официјалната дата база на САД еден од добитниците на социјалното осигурување имал над 360 години.
На забелешката дека според графите вкупно 394.943.364 добивале социјална а вкупното население на САД е 334 милиони, Маск ја потврдува констатацијата.

,,Да, има многу повеќе „подобни“ броеви за социјално осигурување отколку што има граѓани во САД.
Ова е можеби најголемата измама во историјата”, вели Маск кој доколку е во право ја открива една од најголемите измами во историјата на светот.






