Универзитетската професорка Мирјана Најчевска се огласи на својот фејсбук-профил со скандалозни омаловажувања на личноста на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп, нарекувајќи го „осуден криминалец и силувач“?! Најчевска си дозволува уште и да го „кара“ премиерот Мицковски зошто ќе оди на инаугурацијата на, инаку, моќниот републикански и американски лидер Трамп, кого Џон Ајкенбери, водечкиот теоретичар за меѓународни односи од елитниот американски универзитет Принстон го означи како „срцето на слободниот свет, кое чука“!
Во објавата на својот фејсбук-профил Најчевска му го дава и следниот „експертски совет“ на премиерот Мицкоски, кој со својата бесмисленост нема никаква врска со реалноста: „Мицкоски не мора да оди на таа инаугурација, бидејќи е тоа е само свечен чин, кој нема врска со односите на двете држави.“





