Скандалозна закана на Лога: Резултатот од изборите ќе биде почеток на вистински судири меѓу Македонците и Албанците!

„Резултатот од изборите на 8 мај ќе биде почеток на вистински судири меѓу Македонците и Албанците! Алијансата за Албанците доби лекција дека не треба да се соработува со ВМРО ДПМНЕ и за ова дадовме можност да се случат уставните промени и да се скрши уште еднаш ВМРО ДПМНЕ!“ – оваа скандалозна закана ја изнесе министерот за правда Кренар Лога синоќа во емисијата „Интервју во Шења“ на телевизијата на албански јазик „Шења“ од Скопје.



Сега надлежните државни органи имаат голема обврска, но ако воопшто се осмелат, да го повикаат министерот Лога да објасни во која смисла го поврзува исходот од изборите со својата најава дека потоа ќе уследат „вистински судири меѓу Македонците и Албанците“. Голема дилема е дали Лога е воопшто свесен за тежината и опасноста од ова што го изјави синоќа во својство на член на владата, дали е воопшто свесен дека неговата скандалозна закана може многу опасно да се одрази врз меѓуетничките односи на Македонците и Албанците.

Скандалот е дотолку поголем што Лога јавно повикува и на „ново кршење на ВМРО ДПМНЕ“, за да можат да се промени уставот и во него да се внесат Бугарите! Дали Лога по ова има политички легитимитет и морален кредибилитет да продолжи да ја извршува и натаму функцијата министер за правда?!