Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, вчера ги посети седумте пациенти хоспитализирани на Клиниката за токсикологија, кои беа повредени во трагичниот настан во Кочани.
Претседателката беше информирана за нивната подобрена здравствена состојба ѝ изрази надеж за нивно брзо оздравување.
За време на посетата Претседателката посебно го истакна младото момче Јован Костадинов од Виница еден од повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“, кој успеал да спаси 21 живот од огнената стихија.
„Јован е вистински херој. Неговата храброст и пожртвуваност се пример за сите нас “ изјави претседателката, нагласувајќи го значењето на неговото дејствување.
Директорот на Клиниката, Андон Чибишев, ја сподели оваа важна информација на социјалните мрежи, истакнувајќи дека посета на претседателката не е само знак на грижа за здравјето на граѓаните, туку и признание за херојската посветеност на медицинскиот персонал.
Чибишев, исто така, напиша на Фејсбук дека оваа посета е не само признание за работата на здравствените работници, туку и охрабрување за младите луѓе кои со своите херојски дела го обогатуваат општеството.




