„Јас сакам, дали во рамките на Берлинскиот процес, дали во рамките на она, што следи сега, ЕУ навистина да пројави јасна стратегија за нас… Се надевам ќе се создаде конзистентна политика на проширување – со почитување на Копенхагенските критериуми. Не треба да докажуваме дека отсекогаш сме биле дел од Европа, оти сме компатибилни.“ – нагласи претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во интервју за ТВ 21, искажувајќи го своето очекување од Европската Унија да има јасна стратегија и за Македонија по одлуката за одвојување на Албанија во преговарачкиот евроинтегративен процес.
Запрашана како ќе влезе Македонија во ЕУ, Сиљановска-Давкова одговори: „Тоа ќе се случи најпрво со работа на владеење на правото. Најважниот доказ за владеењето на правото е беспоштедната битка со корупцијата и криминалот. Нашата ќе се случи со европски стандарди во образованието, здравството, социјалната заштита. Добрососедството не само ние да го покажуваме и докажуваме, туку и нашето соседство.“
Меѓу другото, таа истакна дека е јасно е оти преговарачката рамка нема да се менува. „Не говорам јас за промена на преговарачка рамка, мене ми е јасно дека гласале сите, јас зборувам за нејзиното спроведување, со интерпретација. Им го кажав и во Обединетите Нации на сите, со кои се сретнав дека, ако велат дека Преспанскиот договор е „пакта сунт серванда“ („договорите треба да се почитуваат и да се спроведуваат“ – заб.прев.), да прочитаат добро што значи Македонија за втората страна – безименава територија, народ, со своја историја, култура и јазик. За што разговараме ние со Бугарија? За историја, за култура, за јазик. Извинете, Грција прво како потписник на Преспанскиот, ама и ЕУ треба да укажат дека – нека си разговараат во комисијата историчарите, ама не може тоа да биде причина за вето. За тоа треба добра волја. Не може конститивен чинител да биде МНР Османи.“ – рече Сиљановска Давкова.
Во интервјуто македонската претседателка Сиљановска-Давкова укажува и дека Бугарија, има Совет за малцинство, во кое го нема македонското малцинство, а таа е потписник на Конвенцијата на заштита на правата на малцинствата.





