Сиљановска Давкова: „Не можам да сфатам како е можно да се случи ова„

Ова го изјави претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде се пренесени повредени во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.



„Знам дека се тоа млади, храбри луѓе. Верувам дека повеќето од нив ќе се спасат, лекарите се тука… изјави претседателката која посети дел од повредените кои се лекуваат во болницата.

„Не можам да сфатам како е можно ова да се случи“, рече Сиљановска Давкова, која додаде дека лекарите се стручни и подготвени да се соочат со големиот предизвик на згрижувањето на повредените.

Претседателката рече дека понуди за помош пристигнале од Воено-медицинската академија во Белград, како и од Бугарија и други земји од регионот.

Над 50 повредени по пожарот во Кочани пренесени на скопските клиники