Ситуацијата на источниот фронт е значително влошена – потврди украинскиот командант Сирски

Изминатите денови значително е влошена ситуацијата на источниот фронт, изјави денеска командантот на украинската армија Олександар Сирски.



Тој наведе дека е интензивирана руската офанзива, посебно на подрачјето на градот Часив Јар.

Часив Јар е место на околу 30 километри југоисточно од Краматорск, главниот град на регионот под контрола на Украина и важен железнички и логистички центар за украинската војска.

Киев со месеци бара од западните сојузници повеќе муниција и системи за противвоздушна одбрана.