Од тераса пука со полуамтоматска ловечка пушка која има шаржер како калашњиков, а потоа и со пиштол. Во опасност ги доведува соседите, а да се пофали видеото го објавува на социјалната мрежа на ФБ.
Полицијата успеала да го најде семејството во Црнилиште (општина Долнени) кое „вежбаше“ пукање на тераса наместо на полигон и во куќата од чија тераса се пукало најдени се три парчиња оружје со дозвола и над 400 парчиња муниција.
Уапсен е сопственикот на оружјето,додека синот е во бегство и е недостапен за полицијата. Дозволата за оружје ќе му биде одземена на сопственикот, а двајцата ќе добијат кривични пријави за две кривични дела „Предизвикување општа опасност“ и „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ за што се предвидени казни затвор и до 10 години.
Во продолжение и соопштението на МВР и видеото со осомничениот:
На 05.04.2025 врз основа на споделен видеозапис на социјалната мрежа Facebook, а поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело по член 288 и 396 од КЗ на РСМ, полициски службеници од ОВР Прилеп во содејство со полициски службеници од СВР Битола извршија претрес во с.Црнилиште Општина Долнени, во домот на Џ. Ќ.(51). При претресот пронајдени се три парчиња оружје кои ги поседува со дозвола и тоа, полуавтоматска ловна пушка, репетирачки карабин и полуавтоматски пиштол, како и 395 куршуми различен калибар, 17 парчиња ловен патрон и еден ресивер поврзан на видеонадзор инсталиран во домот.
Пронајдените предмети се одземени поради сомнение за извршено кривично дело по член 288 од КЗ. Утврдено е дека лицето оружјето го поседувал со дозвола и истото привремено е одземено по што ќе следи постапка за одземање на дозволата за оружје. Џ. Ќ. е лишен од слобода, а се преземаат мерки за пронаоѓање на неговиот син А.Ќ. и за расчистување на случајот.
Извор: Телма





