Силјановска: Нема пострашна власт од таа што си оди

Според професорката Гордана Силјановска Давкова нема пострашна власт од власт во заминување.



Таа на средба со граѓани во Горно Лисиче вери дека нема да ги прави грешките на власта на СДСМ и ДУИ која заминува.

,,Јас ќе го правам она што не го правеле досега претседателите, ќе се опкружам со луѓе од знаење. Нам ни се потребни реформатори, луѓе кои имаат биографија и знаење.

Ние немаме намера да си ја симнуваме демократската круна бидејќи вие сте тие кои крунисуваат и без вас ништо не може да се направи”, порача Силјановска.