Силјановска Давкова: Лажните Eвропјани го искинаа европското знаменце од злоупотреби

„Политиката во земјата е далеку од европска и од демократска. Многу е лесно да велите дека се чувствувате како Европјани. Еден од кандидатите дури и на билбордот си напиша европски претседател. Прв пат слушам за таква институција. Тоа е за мене арогантно“, рече претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова.



Таа денеска, од предизборниот митинг во Куманово, ги обвини политичките противници од власта дека се, како што рече, лажни Европјани.

„Изминатите четири години како пратеничка сум гледала многу ситуации кога со 61 глас, договорени, си изгласуваа неуставни закони, штетни закони и тоа најчесто по скратена постапка и со злоупотреба на европското знаме. Замислете ги лажниве Европјани, го искинаа европското знаме злоупотребувајќи го. Зошто? Бидејќи брзата постапка им овозможува брзо да ги реализираат ветените привилегии за групи и поединци. Тоа нема ништо заедничко со ЕУ, тоа е злоупотреба. А, претседателот секогаш кога законите се носеа по скратена наместо по редовна постапка стануваше соучесник“, рече Силјановска Давкова.

Говорејќи за политиката во земјата рече дека таа е далеку од европска и од демократска.

„Политиката во земјата е далку од европска и од демократска. Многу е лесно да велите дека се чувствувате како Европјани. Еден од кандидатите дури и на билбордот си напиша: европски претседател. Прв пат слушам за таква институција. Тоа е за мене арогантно“, додаде таа.