(Видео) Силно Невреме во Тетово, пожарната бара исклучување на струјата

Во 16.30 часот територијата на Тетово ја зафати невреме проследено со дожд, грмотевици и силен ветер во траење од околу 40 минути, информираат од ЦУК.



Големото количество поројни води предизвика поплавување на дворови и подруми на повеќе од пеесетина куќи и објекти во пониските делови на градот. Екипите на ТППЕ Тетово и јавно комуналните преторијатија се на терен и вршат пунктирање на водата од објектите.  Од страна на ТППЕ Тетово преку ЦУК беше побарано исклучување на струјата во цело Тетово. Силниот ветер и градот направија штети на земјоделските култури и овошните насади но и штети во урбаните средини (оштетени кровови, канделабри, пластифицирани настрешници, возила и др.). Штетите ќе се проценуваат дополнително. Од ЕВН инфирмираат дека ќе ја исклучуваат струјата улица по улица и населба по населба – велат од Центарот за управување со кризи

На 112 имало повеќе од 200 пријави на штети. Има пријави и за штети на возила вклучително и на скршени ветеобрански стакла на возила во движење на автопатот Скопје – Тетово особено во делот на општина Желино.

Фото/Видео: ЦУК