Земјотрес со сила од 5 степени според Рихтер утрово беше почувствуван во источниот дел од Македонија, во Бугарија и во Грција, соопштија агенциите.
Земјотресот регистриран во 6 часот и 24 минути бил на тромеѓето меѓу трите земји, попрецизно на 10-11 километри источно од Дојран. Тресење на земјата било почуствувано и во Струмица и Валандово.
Главниот удар од 5 степени се случил по серија помали земјотреси во текот на ноќта.
Засега, нема податоци за жртви, за повредени или за материјална штета.
Според податоци на Европскиот сеизмолошки институт епицентаротбил 145 км југоисточно од Скопје и 10 км источно од Дојран, Македонија и 7 км северно од местото Дросатон, во Грција.
Бугарски медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван во Петрич Благоврад па дури и во Софија.
Грчки медиуми потсетуваат дека земјотрес со сила од 4 степени се случил в Атина спротиНова Година.






