Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди американската сојузна држава Њујорк, соопшти Американскиот геолошки институт.
Земјотресот бил почувствуван во делови на Њујорк, Конектикат и Њу Џерси, пренесува „Њујорк пост“.
„Беше многу гласно. Истрчав од мојата канцеларија бидејќи се плашев дека зградата може да се урне ако се влоши“. Немаше штета, но сите луѓе во куќата беа на вториот кат и целата куќа се тресеше и неколку работи паднаа од полиците“, раскажуваат жителите на Њујорк и околните места.
Длабочината на земјотресот била 10 километри.





