Жените би требало да ги плаќаат повеќе од машки колеги. Од нас се бара промоција на филмовите со фото сесии за разни списанија, а ние треба да внимаваме и што носиме на црвениот тепих”, вели 35. годишната ѕвезда од филмовите Брнт, Американ снајпер, Ту Џекс и други.



Холивудската актерка Сиена Милер не е задоволна од родовата еднаквост во филмската индустрија, а за наведените причини смета дека тие треба да добиваат поголеми хонорари.

Милер освен со филмовите во последниот период е интересна за јавноста и со раскинот со својот поранешен партнер Том Стариџ со кого се уште живеат под ист покрив. Врската е прекината пред две години, а тие ја имаат 4. годишна ќеркичка Марлоу.

“Знам дека можеби е чудно, но ние тоа го правиме за ќеркичката, а тој е и мој најдобар пријател”, објасни Сиена Милер.