Коњак од 1500 денари по чаша и стек од бизон вреден 3000 денари биле на менито на шефовите во МВР кои што во неколку македонски кафеани правеле цехови и од 38 илјади денари.
Ако се анализираат сметките кои ги објавуваат медиумите и за кои нема официјална потврда дека се исплатени од МВР, според нарачаното пиење само за еден човек во екслузивните кафеани министерството плаќало и по 6000 денари за еден ручек. Со оваа сума во и во подобрите скопски кафеани можат да јадат 10 луѓе.
Функционерите на МВР чии што сметки биле одобрувани и исплаќани од касата на полицијата не само што пиеле вода од 150 денари за мала флашичка туку нарачувале егзотични јадења кои што ретко ги нарачуваат и амбасадорите од најбогатите земји.
Меѓу поинтересните нарачки кои што ги платиле граѓаните од свои пари се стекови од бизон и коњ.

Идикативно е и тоа што веднаш по „Смилковското езеро“ додека цела Македонија беше во тага и бес и кога во Скопје имаше протести и инциденти претставници на МВР во една скопска кафеана направиле сметка од 500 евра.
Сметките кнајверојатно ги дистрибуира новото раководство на МВР кое што сака да ги дискредитира челниците на МВР од предходна влада.
Предходниот ваков обид да се прикаже дека министерот Јолевски во одбрана плаќал скапи хотели и трошел за репрезентација не беше успешен откако се виде дека 160 евра колку што се плаќало за хотели по Европа и САД е дури и ниска сума за спиење на еден министер.
За сметките од МВР сепак ситуацијата е поинаква особенодоколку се докаже дека челниците на безбедносните структури трошеле илјадници евра за месо од дивеч а специјалците одат со кондури и опрема стара по 5 години и повеќе години.






