“ПАСОК нема намера да даде „карт бланш“ на владата за најде решение за прашањето за името на ПЈРМ и ќе бара гаранции за обезбедување на националните интереси”, реагираа од некогаш силната, респектибилна и владејачка партија во неколку мандати, ПАСОК непосредно пред состанокот Ципра-Заев.
Според извори на партијата, се барало „ефикасно и сеопфатно решение кое целосно ги заштитува интересите на Грција и ги вклучува сите неопходни гаранции кои ќе спречат активностите на неодговорност, пропаганда и заобиколување на духот и суштината на оние за кои ќе се согласат“.
Од ПАСОК нагласуваат дека „никој не може да го предвиди нашиот краен став, кој ќе се утврди врз основапатриотско чувство на одговорност, а не заради ситнопартиски интереси“.





