„Путин би требало да знае дека има многу шеги, особено пред избори. Јас се пошегував“.



На овој начин одговори бугарскиот премиер Бојко Борисов на новинарско прашање во Минхен во врска со предлогот на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, тој да доби руско државјанство и да гласа на претседателските избори во Русија.

Борисов рече дека со претседателот Владимир Путин отсекогаш бил во добри односи.

Повод за предлогот на Захарова, беше една изјава на Борисов во Брисел на почетокот на месецов.

„Знаете, две работи не може да ги избира човекот – родителите и претседателот на Русија“, рекол Борисов.

Како реакција на неговите зборови, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави:

„Бојко Борисов има шанса, тој може да добие руско државјанство и да гласа на претседателските избори во Руската Федерација“, рече Захарова и иронично додаде дека „ Соништата понекогаш се остваруваат”.

Борисов рече дека овој виц може да важи и за Ангела Меркел и за него самиот, и рече дека е важен квалитет на политичарите е да можат да се шегуваат.

Покрај тоа, за успешен политичар, секогаш има шеги.

Борисов, како што пренесуваат бугарски медиуми, скромно рекол дека и за него има многу шеги кои му ги раскажуваат неговите соработници. Особено по избори, рече Борисов.