Државниот пазарен инспекторат со 50 инспекторски тимови во обиколка на над 1 000 малопродажни објекти. Покрај супермаркетите, од сега ќе се контролираат и ланци на аптеки, бензиски пумпи, тобака, како и дуќани за бела техника. Се врши увид дали го почитуваат ограничувањето на бруто профитната маржа.
Дали владините мерки за ограничување на маржите конечно ќе дадат резултат, ќе видиме од следната недела кога инспекцијата ќе каже дали имало неправилности.

Граѓаните очекуваат и сакаат реални намалувања. Од средината на април, според ажурираниот Закон за заштита на потрошувачите, сите трговци ќе мораат да ги истакнат цените на своите производи на онлајн платформите. Уредбите за ова ќе бидат финализирани во рок од десет дена.
Непослушноста ќе носи глоби од 500 до 10 000 евра, а во крајни случаи и затворање на објектите до 15 дена, со цел поголема отвореност кон купувачите. Трговците се должни во рок од 45 дена по објавувањето во „Службен весник“, да ги објават на веб-страница цените на сите производи. Со обврска да ги внесуваат промените на дневна основа. Реализацијата на оваа новина би требало да стартува од средината на април.





