Фото: Вкупен број на гласови од парламентарните избори во 2014 година – со црвено се обележани гласовите кои што ги добиле партиите на Албанците
Драматичен пад на гласовите за албанските политички партии на локалните избори 2017 покажуваат резултатите од гласањето за советите на општините објавени од Државната Изборна Комисија.
За само 3 години од парламентарните избори кои што се одржаа заедно со претседателските во 2014 година албанските партии сега имаат освоено речиси 40 илјади гласови помалку или околу 20 % помалку од тогаш добиениете гласови.
Во 2014 година ДУИ, ДПА, Народната Демократска партија и ПДП добиле над 240 илјади гласови а сега сите албански партии нешто повеќе од 200 илјади.

Сличен е соодносот и со локалните избори во 2013 година кога албанските партии освоија околу 237 илјади гласови а намалување има и ако се споредат и сегашните со ланските парламентарни избори кога албанските партии добија околу 210 илјади гласови.
Сепак и покрај намалувањето на гласовите доколку сега се одржат парламентарни избори партиите на Албанците би добиле 4 пратеници повеќе од лани.
Гласањето на советите на оштините дава најдобар приказ за моќта на партиите на државно ниво затоа што и покрај тоа што во некои места Албанските партии имаа договор за поддршка на градоначалници од друга националност (ДУИ – СДСМ) сепак тие имаа свои советнички листи за кои гласаа нивните симпатизери.
Во општината Гази Баба дури имаше и заедничка листа на сите албански партии ДУИ, БЕСА, АА и ДПА со цел Албанците да добијат повеќе советнички места во општината.





